Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Реал Мадрид го комплетираше трансферот на Ферланд Менди

Екипата на Реал Мадрид постигна договор со Лион за трансфер на левиот бек Ферланд Менди, кој потпиша договор до 2025 година и во наредните шест сезони ќе го носи дресот на „кралскиот клуб“.

“Кралевите” за трансферот на Менди на Лион ќе му исплатат 48 милиони евра, плус дополнителни пет милиони евра бонуси.

Играчот беше голема желба на тренерот Зидан, кој успеа да го доведе петтото засилување за новата сезона. Официјалната презентација ќе ја има на „Сантијаго Бернабеу“ на 19 јуни напладне.

Менди во првиот обид не ги помина медицинските прегледи поради болки во грбот, поради што трансферот беше одложен за неколку дена.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ