Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Поранешен фудбалер на Јувентус, Рома и Ливерпул, стана газда на клуб

Некогашниот играч од средниот ред на споменатите екипи, го купи Спес Монтесакро 1908, јуниорскиот клуб каде што ја почна кариерата.

Алберто Аквилани има 34 години, тој е продукт на школата на овј клуб и реши да инвестира во развојот на младите таленти во екипата каде што ги направи првите фудбалски чекори.

„Моето патешествие почна тука. Мојата фудбалска куќа е Спес. Во животот постигнав огромна сатисфакција, играјќи за познати светски екипи на големи стадиони. Никогаш не го заборавив местото од каде што почна се. Сакам да им го пренесам богатото искуство на младите сонувачи.“ – напиша Аквилани на социјалните мрежи.

Поранешниот репрезентативец на Италија, ги откупил сите акции, односно комплетниот пакет од 100%-от уддел во клубот.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ