Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Официјално: Зидан се враќа во Мадрид по само 284 дена

Тоа што се најавуваше изминативе денови, од вечерва доби и официјална потврда, Зинедин Зидан се враќа на клупата на Реал Мадрид.

На денешниот состанок меѓу Флорентино Перез и бордот на директори било договорено враќањето на Французинот на “Сантијаго Бернабеу”.

Веста прва ја пренесе “Марка”, која е добро информирана за случувањата во “кралскиот клуб”, за потоа да стигне потврда и од самиот клуб, како и од останатите релевантни шпански медиуми.

Зидан се враќа и неговиот приоритет ќе биде да го спаси и ревитализира тимот, чијашто форма се движи во надолна линија уште од неговото заминување на 31 мај претходната година.

Откако ќе биде претставен како нов предводник, на прес-конференцијата најавена за вечерва, Зидан веќе утре ќе го има и првиот тренинг со играчите. Тој ќе биде на клупата на “кралевите”  до крајот на актуелнава, како и во наредните три сезони, односно до јуни 2022 година.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ