Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Ниту Погба, ниту Ериксен…Зидан купува “анонимец” за засилување на средниот ред

Очајната сезона во која најтрофејниот европски тим Реал Мадрид, не успеа да освои ниту една титула од предвидените, значеше и сериозно засилување на играчкиот кадар во текот на летниот преоден рок.

Флорентино Перез и Зинедин Зидан тргнаа фуриозно уште на самиот почеток на летото со доведување на одлични засилувања во имињата на Еден Азар, Лука Јовиќ, Едер Милитао, а пред потпис се наоѓа и Ферланд Менди.

Со овие засилувања се засилија речиси сите линии, но останува тренерот Зидан да го освежи и средниот ред и да донесе нов организатор на играта на „Сантијаго Бернабеу“. Низ медиумите кружат многу имиња, а како најсериозни се најавуваат Пол Погба и Кристијан Ериксен.

Првиот е огромна желба на Зидан, а вториот на раководството на “кралевите”. Но, според најновите информации кои доаѓаат од Мадрид, најверојатно дека изборот на тренерот нама да биде ниту Погба, ниту Ериксен, туку шпанскиот интернационалец во редовите на Наполи, Фабијан Руиз.

За многумина, тој е речиси “анонимец”, но со игрите кои ги прикажуваше сеонава во дресот на Наполи, тој беше повикан и во шпанската репрезентација, а го привлече вниманието и на најголемите фудбалски великани.

Зидан е подготвен за него да плати 60 милиони евра, двојно повеќе од сумата која Наполи му ја плати на Бетис за да го доведе во Неапол.

Сепак, Аурелио де Лаурентис и Карло Анчелоти не сакаат да се откажат од услугите на 23-годишниот шпански фудбалер кој имаше одлична сезона на Сан Паоло“. Предност за Реал Мадрид во преговорите може да биде интересот на Наполи за Хамес Родригез, а можна е директна трампа на овие двајца играчи.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ