Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Невидлив во Лигата на шампионите, но моќен против Реал

Најсакан аргумент на критичарите на Луис Суарез е неговата суша во Лигата на шампионите.

Барселона одигра 0:0 против Лион, а тој ја пропушти најчистата шанса во Франција. Колку и да звучи неверојатно, напаѓачот на Барселона постигна само 1 гол на последните 17 натпревари во тој турнир. Тоа не може да биде од помош на тим кој сака да ја освои европската титула.

Но, силата на Суарез редовно ја чувствува Реал Мадрид чии фудбалери се насочени кон Лионел Меси, а го потценуваат Ел Пистолеро. Откако дојде во Барса во 2014 година ниеден друг фудбалер нема повеќе голови во Класико, дури ни Меси и Роналдо. Тој постигна 11 гола, а Меси само 5.

Само оваа сезона Суарез постигна 5 гола на 3 натпревари против Реал: хет-трик на Ноу Камп во октомври и два на последниот дуел во Купот. Европскиот шампион е втора омилена жртва на уругвајскиот фудбалер, повеќе голови му дал само на Норвич додека играше за Ливерпул.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ