Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Милан во акција, Фелаини на Сан Сиро!?

Белгискиот репрезентативец повторно е на радарот на седумкратниот европски шампион и би можел веќе овој месец да се пресели на Сан Сиро.

Маруан Фелаини и порано беше интересен за „росонерите“, но не прифати ниедна од понудите што дојдоа на негова адреса од Милано, а од него не сакаше да се откаже ни Манчестер Јунајтед.

Сега работата е поинаква, претстојното лето тој ќе биде слободен играч, а уште нема најава за продолжување на соработката.

Интерес за Фелаини покажаа уште Порто и Гвангжу Евергранде, но Милан е најконкретен и се обидува во најбрз можен рок да постигне договор со него.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ