Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Меси ќе игра на “Ел Класико”

Ждрепката сакаше во полуфиналето на Купот на Шпанија да се сретнат големите ривали Барселона и Реал Мадрид.

Првиот натпревар ќе се одигра на 6-ти февруари (среда) на “Камп Ноу”, а реванш натпреварот е закажан за 27-ми февруари.

Од каталонскиот табор доаѓаат одлични вести за повредата на Лео Меси која ја доживеа на натпреварот против Валенсија, на кој што Аргентинецот постигна два гола.

Барселона соопшти дека повредата на која што се пожали аргентинскиот ас не е воопшто сериозна и нема да има потреба од дополнителни прегледи, а Меси со сигурност ќе биде предводник на тимот на претстојното “Ел Класико”.

На Меси по натпреварот му бил направен ултразвучен преглед и било констатирано дека повредата е минорна.

 

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ