Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Зидан: Беше невозможно да го одбијам Реал Мадрид и Флорентино Перез

Зинедин Зидан и официјално е нов тренер на Реал Мадрид. Тој се враќа на чело на “кралевите” по само 8 месеци.

На повик на претседателот Флорентино Перез, Зидан се врати во Мадрид и потпиша тригодишен договор до јуни 2022 година.

Французинот ќе има задача да го врати тимот на победничките патеки, откако Лопетеги и Солари го доведоа клубот од победнички до клуб за потсмев.

“Многу сум среќен што се вратив дома, тоа сега е најважно. Едвај чекам да започнам со работа.

Го напуштив Реал, бидејќи ми требаше одмор, а и на тимот му беше потребна промена по сите освоени титули”, беа првите зборови на Зидан како старо-нов предводник на Реал Мадрид, притоа додавајќи:

“Кога ме повика Перез, размислував само за враќање во Реал и не можев да го одбијам претседателот и Реал Мадрид.

Решив да се вратам затоа што ме повика претседателот и бидејќи премногу го сакам овој клуб. Еве тука сум, назад за само осум месеци.

Имав многу понуди од други клубови, но посакував само едно нешто, а тоа е да се вратам во Реал Мадрид”.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ