Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Еден Азар се договори со Реал Мадрид!?

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид уште пред крајот на сезоната започна со реконструкција на својот играчки кадар.

Откако, пред неполн месец беше договорен трансферот на бразилскиот дефанзивец Едер Милитао од Порто, а пред реализација е потписот со Адриан Рабио од ПСЖ, во Мадрид одекна нова трансфер бомба.

Белгискиот интернационалец и член на Челси, Еден Азар го договорил својот трансфер во Реал Мадрид, пренесува „Марка“. Влијателниот шпански медиум koj важи за близок до „кралскиот клуб“ и најчесто има точни информации, тврди дека Белгиецот претстојното лето сигурно ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ и ќе го исполни својот сон од детството да заигра во белиот дрес под раководство на својот идол, Зинедин Зидан.

Според „Марка“, преговорите се веќе завршени и се очекува крајот на сезоната за официјализација на трансферот.

Челси ќе добие 100 милиони евра отштета, а Еден Азар ќе потпише петгодишен договор со Реал Мадрид, но ова се само претпоставки кои кружат низ медиумите, а детали од трансферот ќе бидат познати наскоро.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ