Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Даниел Леви не се шегува: Кејн вреди 350 милиони евра!

Контроверзниот претседател на Тотенхем, Даниел Леви, до сега многу пати докажал дека е одличен бизнисмен, кој не сака да ги распродава своите ѕвезди, но кога го прави тоа исклучително ги цени, во многу случаи дури и ги преценува со поставување на нереални откупни клаузули.

Најнов случај е во моментов нивниот најдобар фудбалер, Хари Кејн за кого претседателот му порача на Реал Мадрид дека треба да плати енормни 350 милиони евра доколку сака да го види во својот состав.

Напаѓачот е една од најголемите желби на претседателот Флорентино Перез, кој е очаен во потрагата по нов голгетер, по заминувањето на Кристијано Роналдо.

Сепак, високата откупна клаузула која ја бара Леви во моментов изгледа нереална дури и за “кралевите”.

 

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ