Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Готово е – Суарез заминува во Арсенал

На два дена пред крајот на преодниот рок, 25-годишниот плејмејкер на Барселона со офанзивни карактеристики одлучи да го напушти Камп Ноу.

Следна дестинација му е стадионот Емирејтс, односно тимот Арсенал каде ќе игра како позајмен играч до крајот на сезоната, а потоа „топчиите“ ќе го откупат.

За да се оствари овој договор, Денис Суарез го продолжи договорот до јуни 2021 година, па ако Арсенал, сепак, да не го купи претстојното лето, тој ќе се врати во Барселона. Лондонскиот клуб беше заинтересиран за повремениот шпански репрезентативец и минатата година, но тогаш Ернесто Валверде порача дека смета на Суарез и не дозволи тој да си замине.

Интерес за него покажа и Бетис, но фудбалерот кој професионалната кариера ја почна во Манчестер Сити беше одлучен во својата намера да се врати во Премиер лигата.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ