Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Врсаљко опериран, го очекува долга пауза

Хрватскиот фудбалер Шиме Врсаљко направи операција на левото колено во Белгија, па му следува долга пауза.

Повредата ќе го оддалечи од терените и со сигурност ќе го пропушти остатокот од сезоната, објави неговиот клуб Атлетико Мадрид на официјалната клубска страна.

“Доктор Вилалон, како претставник на клубот, ја надгледуваше операцијата на дефанзивецот која беше извршена во Белгија, а играчот ќе почне да закрепнува под надзор на нашиот медицински тим”, стоеше во соопштението на Атлетико.

“Од Атлетико Мадрид сакаме да му ја дадеме целата поддршка на Врсаљко во неговото закрепнување и сакаме да се врати на теренот што е можно поскоро”, се додава во соопштението на мадридскиот клуб.

Атлетико претходното лето го испрати Хрватот во Интер на едногодишна позајмица за 6,5 милиони евра, а италијанскиот клуб на крајот од сезоната има право да го откупи неговиот договор за околу 17 милиони евра. Но, поради проблемите со коленото, веројатно тој ќе се врати во Атлетико.

Тешката повреда на коленото, Врсаљко ја влече уште од Светското првенство, каде што се соочуваше со многу проблеми, но адреналинот го задржуваше да игра и понатаму и повредата не се забележуваше во неговите настапи за Хрватска на СП.

Сепак, данокот го плати подоцна, кога беше неопходно да замине на операција која ќе го оддалечи од терените подолг период.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ