Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Во Барса се оптимисти, но Меси е неизвесен за Ел Класико

Куп-двомечот против Реал Мадрид е на програмата на 6 февруари, а најдобриот играч на Барселона можеби нема да биде способен за настап.

Тој доживеа повреда на натпреварот против Валенсија во кој беше прва ѕвезда со два постигнати гола, а уште не се знае нејзината тежина. Извесен период помина покрај теренот каде му се укажуваше помош.

„Уште не знаеме каква е состојбата со Меси. Мислам дека станува збор за истегнување на задната ложа, но не е ништо сериозно. Појасно ќе биде по дополнителните прегледи“, изјави тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

Меси го пропушти и претходното Ел Класико во рамките на првенството кое и припадна на Барселона со 5:1. Сепак, ако сега не игра, тоа ќе биде голем хендикеп за каталонскиот тим затоа што тој е убедливо најдобар стрелец со 21 гол во Ла Лига и вкупно 29 во сите натпреварувања.

Освен тоа ова, Меси постигна гол на последните 9 натпревари, а на последните 16 има погодок или асистенција.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ