Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

(ВИДЕО) Јуве и Милан во четвртфиналето од Купот

Двете најтрофејни екипи во Копа Италија обезбедија пласман во следната фаза од ова натпреварување и тоа со идентичен резултат – 0:2.

Милан победи на гостувањето кај Сампдорија по 120 минути игра бидејќи во основниот дел натпреварот заврши без голови. Во продолженијата Кутроне два пати ја затресе противничката мрежа и му донесе победа на својот тим.

Јувентус славеше без помошта на својот најдобар стрелец Кристијано Роналдо кој влезе во игра кога „бјанконерите“ веќе водеа со 0:2. Отвори Бернардески во деветтата минута, а конечниот резултат го постави Кин во 62-рата.

Во четвртфиналето, Милан ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Наполи и Сасуоло, а Јувентус со Аталанта или Каљари.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ