Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

(ВИДЕО) Што правеше Рамос во моменти на голот на Барса?

Барселона и Реал Мадрид одиграа 1:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Кралскиот куп и ги оставија сите опции отворени пред реваншот во Мадрид на 27-ми февруари.

“Кралевите” поведоа уште во 6-та минута со голот на Лукас Васкез, а тимот предводен од Солари во меѓувреме пропушти уште две големи можности за целосно да ја нокаутира Барселона во првите 20 минути.

Домаќините заиграа подобро во кон крајот на првото полувреме, а до изедначување стигнаа во 58-та минута.

Жорди Алба и побегна на одбраната на Реал, но Кејлор Навас навреме го напушти својот гол. Додека Алба лежеше на теренот и бараше непостоечки пенал, Луис Суарез и Малком ја продолжија акцијата, а вториот погоди за израмнување.

Бразилецот стигна до одбиената топка и прецизно стрелаше во поблискиот агол на рамката на голот кој го чуваа дефанзивците Варан и Рамос.

Но, што правеше капитенот на Реал, бидејќи ударот на Малком не беше воопшто силен, а топката помина на неколку сантиметри до него. Сите очекуваа Рамос да го спаси својот тим, но тој само ги рашири рацете и дозволи топката да заврши во голот.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ