Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

(ВИДЕО) Тешко му беше на Ливерпул, но тука е Салах

„Црвените“ им се вратија на победите по поразот од Манчестер Сити во претходното коло и во најлош случај ќе ја задржат предноста пред ривалите за титулата.

На гостувањето кај Брајтон славеа со 0:1, многу потешко од очекувањата ако се има предвид местоположбата на табелата на двете екипи.

Првото полувреме помина без многу возбудувања, а моментот на одлука се случи во 53-тата минута. Салах изведе низа дриблинзи во противничкиот шеснаесетник, а потоа беше соборен од еден играч на Брајтон.

Судијата без размислување покажа на белата точка по што Египќанецот прецизно шутираше и му донесе водство и победа на Ливерпул. Триумфот добива на значење ако се знае дека Јирген Клоп имаше проблеми со составот затоа што неколку фудбалери се повредени.

Во пресрет на натпреварите на Тотенхем и Манчестер Сити, Ливерпул има седум, односно девет бода предност.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ