Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

(ВИДЕО) Пречката спречи Икарди да го постигне најбрзиот гол во историјата

Сеуште е во тек големото дерби на “Џузепе Меаца” помеѓу екипите на Интер и Наполи во рамки на 18-тото коло од Серија А. Натпреварот можеше да има спектакуларен почеток, да не беше пречката сојузник на гостинскиот голман Мерет.

Први од центарот тргнаа фудбалерите на Интер и можеа уште во првите секунди да дојдат до неочекувано водство по мајсторијата на капитенот Мауро Икарди, но топката заврши во пречката на голема среќа на Мерет.

Икарди веднаш по судискиот знак за почеток на натпреварот, шутираше кон голот на Наполи. Гостинскиот голман иако беше подготвен да го одбрани шутот на Аргентинецот, топката заврши во пречката, а тоа го изненади Мерет, но за негова среќа таа се одби кон центарот, без да предизвика посериозни проблеми.

Доколку постигнеше погодок, Икарди ќе беше убедливо најбрзиот стрелец во историјата на фудбалот.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ