Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

(ВИДЕО) Не оди без Меси, Барса брзо капитулираше

Реал Мадрид има водство од 0:1 по првото полувреме од првиот полуфинален дуел во Копа дел Реј.

Единствениот гол е постигнат по само шест минути, а стрелец е Лукас Васкез на асистенција на Карим Бензема.

Барселона игра без Лионел Меси кој остана на клупата за резервни играчи и е стерилна иако имаше нешто поголем посед на топката.

Реал ја добива битката во средниот ред и не му дозволи на противникот да се закани по Кејлор Навас кој е на голот на овој натпревар.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ