Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

(ВИДЕО) Еден пенал доволен за Тотенхем

Лондонските „петли“ со минимална предност ќе го дочекаат реванш-дуелот од Лига купот на Англија против Челси.

Како домаќин, Тотенхем славеше со 1:0 благодарение на голот од пенал што во 26-тата минута го постигна Хари Кејн.

Во второто полувреме Челси беше подобар тим, во игра влегоа Педро и Жиру кои крекираа неколку шанси, но „сините“ не искористија ниедна од нив, а најголемата ја пропушти Кристенсен кој од 5-6 метри го промаши цел гол.

Реваншот се игра на 23 јануари на Стемфорд Бриџ, а втората полуфинална двојка ја сочинуваат Манчестер Сити и Бартон Албион.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ