Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

(ВИДЕО) Брзо го фатија: Новата ѕвезда на Реал е голем навивач на – Барса!

Брахим Диаз е нов играч на актуелниот европски шампион и фудбалер врз кого треба да се темели играта на овој тим во иднина.

Со оглед на променливите резултати на Реал оваа сезона, 19-годишниот фудбалер беше со задоволство примен од навивачите на клубот кои во него гледаат искра надеж да се спаси сезоната и да се освои некој трофеј во 2019 година.

Но, во Шпанија брзо се откриваат многу работи, па и таа дека Диаз во своето детство бил голем навивач на Барселона.

При еден турнир додека настапувал за младинските екипи на Малага, новинар го прашал за кого навива, а тој како од пушка одговара дека тоа е каталонскиот клуб. Се разбира, омилен играч тогаш му бил Меси.

Брахим Диаз не е прв фудбалер на Реал кој во минатото бил навивач на Барселона. Само во актуелниот играчки кадар има барем тројца: Иско, Карим Бензема и Лука Модриќ. Сите тројца во една фаза од кариерите биле поврзувани со шпанскиот шампион, но судбината одлучила да продолжат на „Бернабе“. Пред премин во Барса во 2010 година беше и германскиот репрезентативец Месут Озил, но според информациите од Пиринејскиот полуостров, Гвардиола во последен момент ги запрел преговорите и тогаш 21-годишниот плејмејкер се пресели во Реал.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ