Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Боговите се со Реал, Тотенхем заврши работа (ВИДЕО)

Европскиот првак и по четири години останува несовладан во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Ајакс успеа да го надигра, особено во првите 60 минути, но Реал си замина од Холандија со победа од 1:2. На домашниот тим му беше поништен гол во првото полувреме по консултација со ВАР.

Бензема го донесе Реал во водство по што Зијеч израмни, а Асенсио се избори за победа на шпанскиот тим кој последен пат беше елиминиран во Лигата на шампионите во полуфиналето во 2015 година.

Во вториот натпревар од програмата Тотенхем со 3:0 ја победи Борусија Дортмунд и најверојатно веќе има пласман во четвртфиналето.

Сите три гола паднаа во второто полувреме, а ги постигнаа Сон, Фертонген и Љоренте. Реваншите се играат на 5 март.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ