Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Балотели се враќа на сцената, во дресот на некогашниот европски првак

Марсеј со голот на Балотели и победата против Ница со 1:0, останува во игра за третото место на атабелата во Франција, што води во квалификациите за Лигата на шампионите, наредната сезона.

Олимпик сега има 47 бода и се наоѓа на четвртата позиција, едно место под билетот за елитната европска лига, следната натпреварувачка година.

ПСЖ му гостува на Дижон, на врвот има сигурни 71 бод и нема дилема околу прашањето за новиот шампиона на Франција.

Второпласирана е екипата на Лил, која што победи кај Сент Етијен со 0:1. Третопласиран е Лион со 50 бода, по ремито кај Стразбур 2:2.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ