Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

АРБЕЛОА: Ги бројам деновите до пензионирањето на Меси

На Твитер често знае да ја критикува Барселона, обично дека има помош од судиите, но сега призна дека многу ја респектира.

Алваро Арбелоа беше член на Реал седум години, со него освои една титула во Ла Лига и две во Лигата на шампионите.

Често влегуваше во физички дуел со Меси и навивачите на Реал беа сигурни дека ја мрази Барса од дното на душата. Сега, освен што призна дека не е така, откри и дека многу го сака најдобриот играч на противничкиот тим.

„Навивачите на Реал не се анти-Барселона, јас секогаш сакам Барса да загуби за да му биде полесно на Реал. На меѓусебните натпревари секогаш има тензија, уиште од времето кога Зидан го фати Луис Енрике за врат.

Но, јас ја респектирам Барселона како голем тим со голем фудбалер – Лионел Меси. За жал, немам можност да уживам во неговите игри и никогаш нема да се промени тоа бидејќи постојано посакувам Барса да губи. Се надевам дека брзо ќе се пензионира, ги бројам деновите до тој момент“, призна Арбелоа.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ