Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

Ливерпул без Салах во реваншот

Најдобриот фудбалер на англискиот тим поради повреда нема да може да игра против Барселона.

Менаџерот Јирген Клоп потврди дека тој не е во состојба да игра по потресот на мозокот доживеан на натпреварот со Њукасл пред два дена.

„Салах не може да игра. Подобро е да се опорави“, изјави Клоп на прес-конференцијата пред реваншот на Енфилд.

Според правилата во Англија фудбалер не може да игра најмалку шест дена откако ќе доживее повреда на главата. Уште еден хендикеп за Ливерпул е неиграњето на Роберто Фирмино.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ