Следете нѐ

ДОМАШЕН ФУДБАЛ

Илчо Ѓорѓиоски под истрага за затајување данок

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија доби кривична пријава од Управата за финансиска полиција.

Тој е осомничен дека затаил данок од 1,6 милиони денари со тоа што прикажал невистинити податоци во завршната сметка за 2017 година.

„Управата за финансиска полиција поднесе пријави за даночно затајување, фалсификување или уништување деловни книги против И.Ѓ. во својство претседател на ФФМ, кој во периодот од 1 јануари 2017 до 27 февруари 2018 година со цел правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист свесно и со намера во име и за сметка на второпријавената ФФМ прикажал лажни и невистинити податоци во завршната сметка за 2017 година кои ги поднел на 27 февруари лани до УЈП и Централниот регистар за што во сметководствената евиденција не извршил отпис на ненаплатените побарувања од купувачите постари од три години и тоа од ликвидираниот непостоечки правен субјект АД Тобако Скопје износ од 10 639 293 денари како и од правниот субјект АД Југохром Јегуновце од 6.169.832 денари или вкупни побарувања во износ од 16 809 125 денари“, соопшти Управата.

Илчо Ѓорѓиоски беше претседател на Фудбалската федерација на Македонија во периодот од 2012 до 2018 година.

Повеќе од ДОМАШЕН ФУДБАЛ