Следете нѐ

ДОМАШЕН ФУДБАЛ

ФУДБАЛСКИ КУП: Македонија Ѓорче Петров со полн плен се враќа од Струмица

Екипата на Македонија Ѓорче Петров ја совлада Беласица на гостински терен на стадионот „Младост“ во Струмица, со резултат 0:1 во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија.

„Лавовите“ беа подобри во текот на целиот натпревар, а творец на големата победа беше Бразилецот Едуардо Карвањо во 33-тата минута.

Ова е одличен резултат за скопскиот тим, во пресрет на реванш натпреварот којшто е закажан за 10 април, на стадионот во Ѓорче Петров.

Во вториот полуфинален натпревар се среќаваат екипите на Академија Пандев и Победа. Првиот меч е на програмата на 6-ти март на стадионот „Младост“ во Струмица.

Повеќе од ДОМАШЕН ФУДБАЛ