Следете нѐ

ДОМАШЕН ФУДБАЛ

(ФОТО) Кире Маркоски ја засили Спартак Трнава

Словачкиот прволигаш Спартак Трнава го претстави Кире Маркоски како ново засилување, заедно со Американецот Макарио Хинг-Гловер.

Нашиот репрезентативец доаѓа во Спартак Трнава како позајмен играч од кипарскиот АЕЛ Лимасол до крајот на сезоната.

Кире Маркоски во Трнава на препорака на Борис Годал

Клучен фактор за преселбата во Словачка бил Борис Годал, соиграчот од кипарскиот тим кој во минатото го носел дресот на Спартак Трнава.

„Борис во суперлатив ми зборуваше за Спартак Трнава. Тоа е квалитетен клуб со богата историја, кој успеа да оствари големи достигнувања како во домашното првенство, така и во Европа во изминатиот период.

Се надевам дека ќе ги повториме тие успеси во текот на оваа полузесона”, изјави Кире Маркоски на презентацијата.

Повеќе од ДОМАШЕН ФУДБАЛ