Следете нѐ

ДОМАШЕН ФУДБАЛ

ТАСЕВСКИ: Тимот го издржа психолошкиот притисок, важен триумф против Победа

ФК Работнички стигна до првиот пролетен триумф, совладувајќи ја Победа на гости со 0:1. Стрелец на победничкиот гол беше дефанзивецот Владимир Димитровски.

Тоа беше многу важен натпревар за составот на Жикица Тасевски, кој вели дека фудбалерите имале одличен одговор на теренот, ‘победувајќи’ го и психолошкиот притисок.

„Тимот го издржа психолошкиот притисок, едноставно моравме да победиме по двете ремија на стартот на пролетниот дел од првенството. Фудбалерите ја сфатија важноста на бодовите, одигравме мудро, дисциплинирано и на квалитет го добивме натпреварот. Го отворивме мечот навремено со погодок и потоа ја имавме контролата. Освоени се трите бода, тоа е најважно, сега ја затвораме таа приказна и се фокусираме на следниот многу важен натпревар против Академија Пандев“, вели шефот на стручниот штаб на “романтичарите”, Жикица Тасевски.

Работнички по 21-то коло се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 31 освоен бод.

Фото: ФК Работнички

Повеќе од ДОМАШЕН ФУДБАЛ