Следете нѐ

ДОМАШЕН ФУДБАЛ

Стадионот „Филип Втори“ стана „Тоше Проески“

Националната арена „Филип Втори“ во Скопје е преименувана во „Тоше Проески“, одлучи Владата на денешната седница, потврди портпаролот Миле Бошњаковски.

„На редовната 129. седница, Владата денеска донесе одлука за преименување на стадионот во национална арена „Тоше Проески“ во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионалната современа историја“, напиша Бошњаковски на Твитер.

Изградбата на градскиот стадион почна во далечната 1947 година. Како таков е и познат, а во 2009 владата на ВМРО-ДПМНЕ го преименува во Национална арена „Филип Втори“. Во 2016 година тој повторно беше преименуван во Телеком Арена откако беше потпишан договор со оваа компанија. Кога беше раскинат договорот, арената го доби претходното име „Филип Втори“.

Инаку, тоа е најголемиот спортски објект во државата, има капацитет за околу 33.000 посетители.

Повеќе од ДОМАШЕН ФУДБАЛ