Следете нѐ

ДОМАШЕН ФУДБАЛ

ПЕТКОВСКИ: Повеќе од важни ни се бодовите од мечот со Победа

„Романтичарите“ се уште се без триумф на стартот од пролетниот дел од шампионатот по двете ремија со Ренова и Силекс. Токму затоа неизбежна е желбата со три бода да се заокружи следниот натпревар од 21-то коло во Првата македонска фудбалска лига против Победа в недела од 14 часот.

Крилниот офанзивец Петар Петковски верува дека тимот сега ќе одигра на повисоко ниво кое ќе ја донесе првата пролетна победа.

„Навистина ни се важни трите бода од натпреварот против Победа, посебно во ситуација кога на претходните натпревари изгубивме бодови поради наши грешки. Но, заедно со стручниот штаб ги анализиравме сите покажани слабости во играта од натпреварите со Ренова и со Силекс, ги увидовме грешките, добро сме подготвени и верувам дека сега ќе дојдеме до триумфот.

Победата на следниот првенствен натпревар ни е секако повеќе од значајна и од психолошки аспект за продолжението од сезоната“ – вели Петковски.

Фото: ФК Работнички

Повеќе од ДОМАШЕН ФУДБАЛ