Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

(ВИДЕО) Серхио Рамос, донеси четврт со месо и јогурт!

Барселона и Реал Мадрид ремизираа во првиот полуфинален натпревар од Купот на Шпанија, одигран на Камп Ноу.

Головите ги постигнаа Васкез и Малком, но дербито не ги оправда очекувањата, немаше жар како на претходните дуели што е и за очекување бидејќи двете екипи ги штедеа силите за напорниот распоред што ги очекува, а има и реванш.

Во малкуте атрактивни потези, за издвојување е тој на Нелсон Семедо кој со финта се ослободи од Серхио Рамос и го испрати капитенот на Реал на трибина.

Барселона од таа акција не постигна гол, но цела Шпанија зборува за она што му се случи на дефанзивецот на Реал.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ