Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

(ВИДЕО) Реми од кое се задоволни и Барса и Реал

Одлуката за финалистот во Копа дел Реј од Ел Класико ќе биде познат на 27 февруари по реваншот на „Бернабе“.

Барселона и Реал Мадрид ремизираа во првиот меч (1:1) и тоа е резултат од кој се задоволни двете екипи.

Барселона затоа што одигра многу слаб натпревар и речиси го немаше Меси иако тој одигра половина час, а Реал затоа што има можност пред своите навивачи да го решава прашањето околу победникот. „Каталонците“ добија време да го застанат на нозе својот најдобар играч, а „кралскиот клуб“ уште малку да ја подигне формата.

Головите на првиот натпревар ги постигнаа Лукас Васкез во шестата и Малком во 58-мата минута.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ