Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

(ВИДЕО) Леванте без Барди ја „гази“ Барса

Најтрофејниот тим и бранител на титулата во Купот на Шпанија има негатива од два гола во првиот осминафинален натпревар во ова натпреварување.

На гости кај Леванте, Барса губи со 2:0 по головите што ги постигнаа Кабако во четвртата и Борха Мајорал во 18-тата минута.

Но, колку и да изгледа чуден, овој резултат не е големо изненадување затоа што „каталонците“ играат со „втора“ или поблаго кажано комбинирана постава. Не играат Меси и Суарез, но и Тер Штеген, Пике, Ленгле, Алба, Ракитиќ, Сержи Роберто…

И Леванте не е комплетен, го нема македонскиот репрезентативец Енис Барди, но другите фудбалери се стандардни во првата постава оваа сезона.

фото: AS

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ