Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС

Ѓоковиќ немаше проблеми со рамото, туку со главата

Некогашниот олимписки шампион (1992) изјави дека проблемите на српскиот тенисер биле повеќе од психолошка, отколку од физичка природа.

За повредата што ја забави кариерата на актуелниот светски рекет број 1, по освојувањето на Ролан Гарос во 2016-та година, Швајцарецот Марк Росе изјави:

„Тој меѓу јуни 2016 и мај 2018 имаше прболем со психологијата, затоа што беше евидентно дека не сакаше да тренира, да игра, ниту да јаде. Во тој момент, неговите тренери Агаси и Штепанек немаа што да направат на оваа тема.

Клучен момент за пресвртот, освен враќањето на тренерот Марјан Вајда, е лутиот и разбеснет Ѓоковиќ на пресот по поразот од Чекинато на Ролан Гарос. Тогаш повторно го видовме оганот во неговите очи.“

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС