Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС

Ѓоковиќ го преживеа првиот страв сезонава

Првиот светски рекет се врати по еден сет негатива, во дуелот со унгарскиот тенисер Мартон Фучович, со 4:6, 6:4 и 6:1 во второто коло на АТП 250 турнирот во Катар.

Двократниот шампион (2016, 2017) има 14:1 на терените во Доха, во првите два сета беше исправен пред предизвикот елиминација, но успеа да остане во живот со 67% ретурн на втор сервис во третиот сет.

Во 1/4 финалето, српскикот тенисер ќе игра против грузискиот Николоз Басилашвили (со кого има една победа во еден меч), кој што го елиминира минатогодишниот финалист Андреј Рублев.

Новак Ѓоковиќ ја освои титулата во 2016-та без загубен сет, за трофејот редоследно ги совлада Бердих и Надал. Следната година славеше потешко, во три сета против Вердаско и против Мари.

Единствениот пораз го зебележа во (1/4) првата година (2015) кога настапуваше на турнирот во Катар, од хрватскиот претставник Иво Карловиќ.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС