Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС

Швајцарија на чело со Федерер го одбрани тронот

Двојката Белинда Бенчич и Роџер Федерер ја одбрани титулата во Хопман Купот, со победата против Анжелик Кербер и Александер Зверев од Германија, со 4:0, 1:4 и 4:3 (5:4).

Ова беше реприза на финалето минатата година, повторно поуспешни беа Швајцарците кои што имаат 4 титули и го делат второто место со Шпанија, зад САД со 6 пехари од 31 турнир.

Претходно, во сингл мечевите, Федерер го совлада Зверев со 2:0 (6:4, 6:2), а Кербер беше поуспешна од Бенчиќ со 2:0 (6:4, 7:6(8:6)) за изедначување на скорот.

Најуспешниот тенисер на сите времиња, федерер е првиот со три Хопман Куп титули, двете со Бенчич и една со Мартина Хингис во 2001-та година.

АТП најави дека следната сезона, ќе го укине и ќе го замени Хопман Купот кој што се игра во Перт, Австралија со некој од другите турнири.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС