Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС

Шампионот има девет животи, искористи два

Новак Ѓоковиќ повторно се врати по сет негатива и славеше и во 1/4 финалето на првиот турнир во годината, со 2:1 против грузискиот претставник Николоз Басилашвили, со 4:6, 6:3 и 6:4.

Ова беше реприза на претходниот натпревар со унгарскиот тенисер Мартон Фучович, кога Ноле мораше да се враќа и со пресврт да ги спасува мечот и реномето.

Во следниот настап, српскиот тенисер и светски рекет број 1, победник на турнирот во Доха во 2016-та и 2017-та, ќе се соочи со шпанскиот Роберто-Баутиста Агут со кого има 7:1, за место во финалето.

Новак е во серија од 13 победи на овој турнир, кој што е дел од АТП (250) серијата, однонсо има вкупни 15/1. Играше во последните 5 финалиња претходната година, победи во три, а ја заврши како најдобар на АТП ранкингот по петти пат во кариерата.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС