Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС

Српски тенисер заврши в болница откако му се слошило

Филип Крајиновиќ ја поминал ноќта под инфузија откако неочекувано му се слошило додека одморал во својот дом.

Како што објавија српските медиуми, Итна помош веднаш пристигнала и било утврдено дека не се работи за ништо сериозно.

Дијагнозата е пад на неговиот имунитет и промена на климата додека се подготвувал за новата сезона. Докторите му препорачале да паузира неколку дена додека организмот не му се смири.

Крајиновиќ има 26 години, професионалец е од 2008-ма, а во моментов се наоѓа на 95-тото место на АТП листата.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС