Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС

Сезоната почнува во Австралија, со првото издание на новиот АТП турнир

Светската тениска организација реши да воведе Куп натпреварување во кое што ќе учествуваат 24 репрезентации и преку 100 натпреварувачи.

Мечевите ќе се играат во групи во Сиднеј, Бризбејн и уште еден град за чие што име треба дополнително да се одлучи, најверојатно ќе се решава меѓу Перт и Аделаида.

Наградниот фонд е 15 милиони американски долари, а Сиднеј ќе вложи преку 36 милиони за реновирање Олимпискиот тениски центар, каде што ќе се постави покрив на централниот терен.

Како што се најавуваше, најверојатно жртва на календарот ќе биде Хопман Купот (мешани двојки), кој што годинава се одржа по 31-ви пат.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС