Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС

Ѓоковиќ отвара ресторан за бездомници

Најдобриот српски тенисер во историјата, а во моментов и најдобар светски тенисер, уште еднаш покажа дека е многу повеќе од обичен спортист. Новак Ѓоковиќ планира да отвори ресторан за бездомници.

“Парите не ми се проблем, заработив доволно да ја награнам цела Србија. Мислам дека тие заслужуваат вакво нешто затоа што секогаш ја имам нивната поддршка”, се вели во соопштението од ПР службата.

Засега, не е познати каде ќе биде лоциран ресторанот, ниту начинот на кој ќе функционира. Се очекува локацијата да биде во Србија.

Инаку, Новак веќе поседува два ресторани, еден во Белград и еден во Монте Карло.

Тенисерот е на пауза до почетокот на сезоната, а во оваа фаза ќе се посвети на семејството и зајакнување на менталната сила.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС