Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС

Свадба на годината: Рафа Надал ќе се жени!

Вториот светски тенисер одлучи со брак да ја круниса својата долгогодишна врска со Мери Перељо, објави шпанскиот магазин Хола.

Двојката е заедно 14 години, а Надал ја побарал Мери за време на ланскиот Мастерс во Рим кој се одржа од 14 до 20 мај. Поради многуте обврски, одлучиле да почекаат малку.

Според магазинот, свадбата ќе се одржи претстојната есен, а локацијата и точниот термин дополнително ќе бидат утврдени.

Надал во моментов не сака да зборува за тоа бидејќи се подготвува за следните настапи и за Мастерсите во Индијан Велс и Мајами во март.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС