Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС

Повеќе никогаш нема да постои некој како Федерер

Некогашниот прв светски рекет, Чилеанецот Марсело Риос, смета дека е само прашање на времето кога некој од младите тениски ѕвезди ќе се искачи на врвот на светската листа. Но, тој исто така тврди дека никој од нив нема капацитет да биде новиот Роџер Федерер.

„Ги гледам младите играчи, како на пример Зверев, кои ќе бидат во предност во некој момент во иднина. Тие ќе испишат дел од историјата на тенисот, но никогаш нема да го достигнат нивото на Федерер. Всушност, повеќе никогаш нема да има некој како Федерер“, тврди Риос.

Марсело Риос во 1998 година беше прв на светската ранг-листа, но во својата кариера никогаш нема освоено Гренд слем турнир, а најдобар резултат му е финалето на Ролан Гарос во таа иста година.

Роџер Федерер е рекордер по бројот на освоени Гренд слем титули, но и по бројот на недели поминати на првото место на АТП листата. Двата рекорда му се во опасност поради одличната форма на Новак Ѓоковиќ кој е шест години помлад од Швајцарецот.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС