Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС

Надал е неприкосновен во Париз, 12-та титула на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја одбрани титулата на Ролан Гарос и го совлада Доминик Тим од Австрија со 3:1 во сетови (6:3, 5:7, 6:1, 6:1).

Кралот на земјена подлога, како што го нарекуваат Надал, поставува граници кои тешко дека некој во иднина ќе може да ги надмине. Со новата титула, тој стигна до својата 12-та на Ролан Гарос.

До својот 18-ти грен-слем трофеј, Рафа загубени само два сета, од кои едниот во денешното финале.

Почетокот на мечот, поточно првите неколку гемови, најавија атмоски тенис и уживање за навивачите. Двајцата финалисти одлично го започнаа натпреварот, задржувајќи го својот сервис.

Надал беше првиот тенисер кој направи брејк и го освои првиот сет со 6:3. И кога сите помислија дека отпорот на Тим е скршен. тој успеа да се врати во натпреварот и да го освои вториот сет со 5:7, израмнувајќи на 1:1 во сетови.

Но, тоа како да го разлути Шпанецот, кој заигра како што знае на неговата омилена подлога и во следните два сета буквално да го збрише противникот, дозволувајќи му да освои само по еден гем.

Надал останува непоразен во сите финалиња на кои се појавил на Ролан Гарос, а на овој турнир има 14 настапи. Титулата на Надал нема да донесе значајни промени на АТП ранг листата. Шпанецот останува на втората позиција, но со намалена негатива зад лидерот Новак Ѓоковиќ.

Со 18-тиот трофеј на грен-слем турнирите, Надал во моментов се наоѓа на само две титули зад лидерот Роџер Федерер, кој има 20 титули.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС