Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС

Маестро Ноле ја почна годината како брз воз

На стартот на турнирот во Доха, српскиот тенисер и број 1 во ранкингот, стартуваше со убедлив триумф против Џумхур (БиХ) со 6:1 и 6:2, што е потврда на неговата одлична форма по победата на егзибицискиот турнир во Абу Даби.

Дуелот траеше помалку од еден час, а првиот сет заврши за 23 минути. Во вториот сет, Новак Ѓоковиќ пропушти дури четири брејк шанси, но и покрај тоа доминираше во првото коло во АТП натпреварувачката сезона.

Во четири сета, во двата одиграни дуела против првиот светски рекет, Дамир Џумхур освои само 5 гејма. Во следната рунда, Ноле игра против Мартон Фучович од Унгарија. Нагдрадата во Доха е 1.313.215 американски долари.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС