Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС

Емотивна фотографија од Мари: Сега имам метален колк…

Британскиот тенисер успешно ја преброди операцијата и вели дека се чувствува добро. Последниот негов настап беше мечот од првото коло против Баутиста Агут на Аустралиан опен, што го загуби во 5 сета во кои што играше со константна болка.

Повредата што му се случи на 31-но годишниот Шкотланѓанец во четвртфиналниот пораз од Сем Квери на Вимблдон, во јули 2017-та година, го следеше цели 18 месеци. Ова е веќе втора операција, по онаа минатата година во јануари.

Познавачите на тенисот предвидуваат дека со последниот хируршки зафат, Енди Мари можеби и ќе му се врати на тенисот, но максималното ниво што ќе може да го постигне се натпреварите во двокји.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС