Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС

Го елиминира Ѓоковиќ, ја освои титулата

Светскиот рекет број 24 победи во финалето во Доха, за првата титула на катарскиот АТП 250 турнир, совладувајќи го Томаш Бердих со 6:4, 3:6 и 6:3.

Роберто Баутиста Агут го најави триумфот со елиминацијата на првиот носител и првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ во полуфиналното соочување.

Освен златниот орел, трофејот на турнирот што му е 9-та АТП титула, 30 годишниот тенисер заработи 219.755 долари и 250 бода на АТП ранкингот.

Шпанецот освојува титула во јануари четврта година по ред, а меѓу сонародниците победници во Доха им се придружи на Надал (2014) и Ферер (2015).

фото: qatartennis.org

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС