Следете нѐ

МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС

Бекер откри како го научи Ѓоковиќ да го победува Надал

Германскиот специјалист го тренираше српскиот тенисер во период од 2014-та до 2016-та година, во кои што моменталниот рекет број 1 освои 6 Грен слема, 13 мастерси и 2 завршни мастерси.

Тајната на успехот и на победите на Ѓоковиќ, против Надал, е во препораката на Бекер да се нападне најсилното оружје на Надал – неговиот форхенд.

На почетокот Србинот не веруваше дека со својот бекхенд ќе може да му се спротистави на форхендот на Шпанецот, но подоцна увиде дека тоа е возможно.

Во првиот Грен слем во тековната година, Ѓоковиќ преубедливо го совлада Надал во финалето на Австралија Опен (3:0), што е негова 28-ма победа против матадорот. Надал, пак, може да се пофали со 25 победи на мечевите со белграѓанецот.

Повеќе од МЕЃУНАРОДЕН ТЕНИС