Следете нѐ

РАКОМЕТ

Што му дофрли Манасков на Лино, ден по поразот од Хрватска?

Тренинзите по одигрувањето на мечевите во третата рунда, на Македонија и на Хрватска, беа еден по друг. Откако завршија Хрватите ние влеговме во сала.

Неизбежно беше да се сретнат актерите, кои што некогаш делеа иста просторија, а сега се на двете спротивставени страни.

Лино Червар им беше тренер и на Кире и на Дејан, во одредени периоди во нивните кариери – на Лазаров во Загреб, на Манасков во Металург.

Слика од милион долари! Слика од милион долари! – прокоментира Манасков додека поминуваше покрај Червар и Лазаров.

Червар беше селектор на Македонија (2016/17), овие тројца се големи пријатели. Уште во периодот пред СП 2015, додека не се знаеше кој ќе биде селектор, на прашањето кој е најдоброто реение за оваа позиција, Лазаров кратко одговори – Червар!

Затоа и толку убелдиво Хрватите не победија – Лино не познава во душа, долги години (2009-2017) беше дел од нашиот ракомет, тој е творецот на неколку наши генерации кои што се на сцената, или доаѓаат.

Повеќе од РАКОМЕТ