Следете нѐ

РАКОМЕТ

УЖАС ШТО САМИ СИ ГО ЗГОТВИВМЕ: Ги плаќаме да не омаловажуваат

Коментаторот на програмскиот сервис број 2, на Македонската телевизија, го бојкотира нашиот репрезентативец Стојанче Стоилов, нарекувајќи го играчот со број 5, на мечот со Јапонија.

Коментаторот кој што зема пари од народното чекмеџе, каде што сите плаќаме, односно не сите, затоа што неговите етнички сонародници повеќе не плаќаат отколку што плаќаат данок.

Тоа не е исто со она што го направи Стојанче Стоилов на доделувањето на Спортскиот оскар, кога си замина затоа што на манифестацијата се зборуваше на Албански.

Тој потег беше личен, потег на една индивидуа. Некој можеби се согласува со тој став, друг можеби не се согласува. Ова е сосема поинакво нешто.

Овој коментатор е на сите. Овој коментар е став на една редакција, на една програма, а со тоа и на една група на луѓе. Потегот на Столе беше критикуван од државниците, а сега?

Сега тријат раце и се смеат – леле како им го збибери – уредниците на програмата на Албански јазик во МТВ. Ако не е така, нека го санкционираат коментаторот кој што на народна фрекфенција повикува на разединување.

Како ќе реагираат политичарите кои што побрзаа да го рогаат со шпиц и со копачки и со шлаеми ко галички кашкавал да го бањаат Стојанче Стоилов, со цел да набијат по некој поен, но каде сакаа да ќарат? Кај народот нема, тоа е сигурно.

Да му се лутиме нему, на коменаторот? Не смееме во никој случај! Треба да си се лутиме самите на себе. Затоа што тоа што ни се случува денес (во денешно време) не е од вчера, туку од поодамна, бајаааааги поодамна.

Македонците немаат национална стратегија, Македонците се мразат едни со други, Македонците си завидуваат едни на други, Македонците се иселуваат, Македонците ….

Не се сите такви, но повеќето се. И тие што живеат во сиротата пребогата и преубава, но разорена ни од самите нас државичка, и тие иселениците, и тие тазе преселените што се поголеми Норвежани од Норвежаните…

Можеме да редиме до утре! Можеме да редиме и до следната нова година, до следниот јануари кога ќе играме на ракометното ЕП и пак да не завршиме со самонавредување! Тоа сме ние…

Ќе помине и ова, како што поминало се досега… Браздите што остануваат се подлабоки со секое ново изгрејсонце, а длабоко ископана земја е порозна земја, се лизга, носи се со себе и со најмалиот дожд…

Повеќе од РАКОМЕТ