Следете нѐ

РЕПРЕЗЕНТАЦИИ РАКОМЕТ

(ФОТО НА ДЕНОТ) СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ, ја имаш поддршката од цела македонска нација!

Никој не се сомнева дека „играчот со број 5“, како што некои недоветни ја нарекуваат македонската ракометна легенда, повторно ќе биде на нивото, во дуелот со Бахреин, а потоа и на преостанатите натпревари од Светското првенство.

Стојанче Стоилов е играч на кој се темели играта на нашиот национален тим и сигурни сме дека тој нема да не разочара, без разлика на целиот притисок врз него последните 2-3 недели.

Поддршка кон Столе стигнува од сите страни, а пикерот на нашата репрезентација е подготвен да го остави срцето на терен.

Од трибините на Олимписката арена во Минхен, повторно ќе се ори „Столе, ти си наша иконаааааааааааа“!!!

Повеќе од РЕПРЕЗЕНТАЦИИ РАКОМЕТ